Кошаркарски клуб од Дубаи следната сезона ќе настапува во европските клупски натпреварувања.
Иако во Дубаи се уште нема кошаркарски клуб, тој ќе биде формиран наскоро, а ќе започне и формирањето на ростерот, како и назначување на тренер.
Арапите обезбедија буџет од 12 милиони евра и нивна желба беше да играат директно во Евролигата, но нивното барање беше одбиено, но ќе имаат можност да играат во Еврокупот, па доколку го освојат тогаш ќе можат да се испробаат и во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.