Кошаркарите на Работнички ќе играат во четвртфиналето на националниот Куп откако вечерва, на свој терен, го совладаа кавадаречки Тиквеш Голден Игл со 92-73.
Победникот во натпреварот беше одлучен во завршните десет минути во кои домашните кошаркари ја отворија четвртата четвртина со серија од 9-0 за водство од високи 72:63, кои рутински го зачуваа до последниот судиски свиреж.
Противник на Работнички во следната рунда од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, ќе биде градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром,
Алстон со 20. поени и Ѓуроски со 19 поени беа најефикасни во редовите на Работнички, додека во гостинската екипа најистакнат поединец беше Андерсон со 22. поени.
Последните два натпревари од оваа фаза во националниот куп ќе се одиграат во саботните термини меѓу Маџари – Гостивар и Чаир 2030 – Феникс 2010.
Претходно, пласман во следната рунда обезбеди екипата на МКК Куманово која го совлада Ангели со 95:65.