Кошаркарите на Панатинаикос изборија настап на фајналфор турнирот откако во решавачкиот петти натпревар во домашниот паркет во Атина го совладаа Макаби од Тел Авив со 81:72 (19:21, 22:20, 17:15, 23:6) и славеа во четвртфиналната серија со 3-2.
Кендрик Нан беше убедливо најдобриот играч на домашната екипа со 26 поени, четири асистенции и пет скока. Костас Слукас додаде 15 поени со шест скока. Најдобар играч на Макаби беше Лоренцо Браун со 19 поени, седум асистенции и четири скока, додека Џош Небо постигна 14 поени со седум скока.
Претходно Реал Мадрид се пласираше на фајналфор турнирот, а Монако – Фенербахче и Барселона – Олимпијакос денес ќе ги одиграат петтите натпревари.
Рекорден третпат во историјата на завршното натпреварување турниот ќе се одржи во Берлин, кој беше домаќин во 2009 и 2016 година.