Кошаркарите на Монако се во тежок период од сезоната, како за нив така и за клубот.
Се бара нов сопственик на клубот, а Кнежевството го презема раководењето на клубот.
Сето тоа се одразува и на резултатите на екипата на Василис Спанулис, која има серија од пет порази во Евролигата и пад на табелата.
Последните информации се дека играчите едноставно не сакаат да играат односно најавија и штрајк на натпревар од француското првенство, доколку не им бидат исплатени дел од средствата што клубот им ги должи.
Тоа е еден од условите да продолжат да играат.
Ако не се појават играчите од првиот тим, на теренот ќе се појават јуниорите.