Кошарка

Кошаркарите на Македонија до 18 години тешко ја победија Ирска на стартот од ЕП

Кошаркарите на Македонија до 18 години тешко ја победија Ирска на стартот од ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години одигра тежок натпревар против Ирска и успеа да слави по продолженија (62-62 регуларен дел, 73-63) над ривалот на стартот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Скопје.

Најдобар поентер кај Македонија беше капитенот Јанчиќ со 27 поени, додека Марко Луканоски, Лука Марјановиќ и Бојан Димитриев имаа по девет поени. Кај Ирците, Нџекве имаше 15, а Игбокве 12 поени.

Нашиот национален тим следниот натпревар на ЕП Б-дивизија во Скопје го игра утре (сабота) кога од 18:30 часот се среќава со Босна и Херцеговина која го отвори настанот со убедлива победа над Кипар.

 

To top