Кошарка

Кошаркар треба на Басконија да плати еден милион евра

Кошаркар треба на Басконија да плати еден милион евра

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоса ќе мора да и плати на Басконија еден милион евра, пресуди судот во Виторија. Причината е начинот на кој Вилдоса се врати во Евролигата, откако претходно еднострано го раскина договорот со Басконија за да земина во НБА лигата.

Аргентинскиот кошаркар имал обврска да се врати во Басконија доколку ја напушти НБА лигата. Сепак тој ги прекрши договорот и лани и се приклучи на Црвена Звезда.

Басконија, како што се наведува во соопштението, од Врховниот суд на Баскија ќе бара уште милион евра, согласно договорот.

To top