Кошаркарот на Партизан и репрезентативец на Азербејџан, Зек Ледеј одби да игра за репрезентацијата во натпреварот против Косово.
Со ваквиот потег Ледеј сака да ги испочитува навивачите на Партизан и сигурно ќе ги освои нивните симпатии уште повеќе. Неговото место во репрезентацијата на Азербејџан ќе го пополни кошаркарот на Монако, Донта Хол.
Инаку, Ледеј од неодамна е репрезентативец на Азербејџан и првиот натпревар го одигра против Швајцарија (72:53) во овој квалификациски прозорец. На тој натпревар Ледеј постигна 22 поени и додаде уште шест скока и три асистнеции.