Кошарка

Кошаркар на ЦСКА Москва суспендиран поради кокаин

Кошаркар на ЦСКА Москва суспендиран поради кокаин

Никита Курбанов е суспендиран на три месеци. Имено, руската антидопинг агенција (РУСАДА) му забрани да игра бидејќи на еден од тестовите му бил позитивен на кокаин во крвта!

Искусниот 37-годишен крилен кошаркар на ЦСКА од Москва има три шампионски титули во Евролигата, шест пехари за победници во ВТБ лигата, шест првенства на Русија и пет купови на Русија.

Покрај ЦСКА играше и за Локомотив Ростов, Уникс Казан, Спартак од Санкт Петербург и Локомотив Кубан.

To top