Кошаркарската федерација на Македонија извести дека е договорен ангажманот на Ѓорѓи Кочов како асистент во стручниот тим на новиот селектор Хозе Мариа Берокал.
Македонскиот стратег кој работи на слична позиција во Кемниц Најнерс, сега ќе биде дел од стручниот штаб и на репрезентацијата на Македонија. Кочов беше во слична улога и во минатото во младинската кошарка, а водеше и јуниорски селекции на Македонија.
Својата тренерска кариера ја започна во Вардар, а потоа се пресели во МЗТ Скопје. Во таборот на „штрковите“ Кочов прво беше асистент, па неколку години прв тренер. Со МЗТ стана шампион на Македонија и играше во финалето на плеј-офот во АБА-2 лигата.
Во последните години тој работи како асистент во Кемниц со кој стигна до трофејот во ФИБА Еврокупот во 2024 година.