Следната сезона, регионалното натпреварување ќе го гледаме во нов формат од дури 20 екипи. Оваа информација ја обајви „ТВ Арена спорт“.
Од следната натпреварувачка година, три екипи од тековната сезона ќе се натпреваруваат во Евролигата. Тоа се Црвена звезда, Партизан и Дубаи, а како што стојат работите, преговорите со Хапоел Тел Авив се финализираат.
Шампионот на Еврокупот сега само чека на конечната одлука на управниот одбор на АБА лигата.
Сопственикот на овој тим, Офер Јанај, веќе потврди во интервју за „Моцарт Спорт“ дека неговиот тим е заинтересиран да игра во АБА лигата, но под услов домашните натпревари да ги играат во сопствената земја.
Покрај израелскиот тим во АБА лигата ќе се натпреваруваат и романски Клуж и австриска Виена.
Доколку сите тимови добијат зелено светло на Собранието на регионалното натпреварување, кое е закажано за понеделник, АБА лигата ќе вклучува пазар од околу 70.000.000 гледачи.