Кошарка

Кливленд подобар од ЛА Клиперс, тепачка во Минесота (ВИДЕО)

Кливленд подобар од ЛА Клиперс, тепачка во Минесота (ВИДЕО)

Во НБА лигата Лос Анџелес Клиперс беа поразени на гостински терен од Кливленд со 122:127. Во победата на Кливленд одлично издание имаа Џерет Ален со 25, Донован Мичел со 24, Еван Мобли со 22 и Дариус Гарланд со 19 поени.

Најефикасни кај Клиперси беа Норман Пауел со 34 и Џејмс Харден со 24 поени.Клиперси се осми во Западната конференција, а Кливленд со оваа победа се зацврсти на првата позиција во Источната конференција со 60 поени и 15 порази.

Кошаркарите на Хјустон на домашен терен го совладаа Феникс со 148:109, додека Њујорк на домашен терен го совлада Портланд со 110:93.

Минесота на домашен терен го совлада Детроит со 123:104, а мечот го одбележа тепачката во втората четвртина, по која беа исфрлени пет играчи од двата тима.

 

To top