Екипата на Работнички во продолжение на сезоната ќе биде посилна за две имиња.
Александар Костоски кој веќе го најавивме во декември ќе го облече „црвено-белиот“ дрес, тој доаѓа како слободен играч. Последен тим за кого настапуваше беше Пелистер.
Второто засилување е Младен Грушановиќ на кого му е познато македонското првенство.
Тој претходно настапуваше во Гостивар, е настапува на позицијата крилен центар.
Грушановиќ е поранешен младински репрезентативец на Србија, има и искуство во АБА-2 лигата, беше дел од тимот на Ловќен.
Во следното коло Работнички е домаќин на ТФТ во салата „Независна Македонија“.