Кошарка

КК Пелистер посилен за Брендан Џенкинс

КК Пелистер посилен за Брендан Џенкинс

КК Пелистер и официјално го претстави своето прво засилување во оваа 2026 година.

Откако ги стартуваше подготовките, тимот се погрижи и за првото ново име.

Се работи за Брендан Џенкинс, американски бек поентер кој треба да биде од голема корист на „зелено-белите“ во клучниот дел од сезоната.

Џенкинс е исклучително искусен кошаркар, со доста мечеви и во АБА лигата, што значи дека балканскиот кошаркарски свет му е и тоа како познат.

To top