Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола, го пречекаа српски Џокер и на крајот беа поразени со 77:81.
Пелистер одигра одлично прво полувреме во кое се чинеше дека ги има коците во свои раце. Избраниците на Петровиќ ја добија првата четвртина со 20:17, а во вториот период одиграа егал со што предноста од три поени ја задржаа и заминаа на пауза.
Сепак, како и многупати досега, третата четвртина се покажа како кобна за битолчани. Џокер влезе во вториот дел фуриозно и успеа да направи разлика која ги донесе до конечен триумф.
Ова е втор пораз за Пелистер во досегашните три кола, додека Џокер има 100% ефект.
Едвардс со 18 и Мишковиќ со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер.