Кошаркарите на Пелистер забележаа очекувана победа во дуелот со фенерџијата Ангели во првиот меч од 16. коло од Супер лигата откако ја совладаа скопската екипа со 100-78.
По изедначената прва четвртина која битолчани ја добија само со три разлика (25:22), во втората „зелено-белите“ покажаа зошто се фаворити.
Пелистер направи предност од 14цпоени со кои замина на одморот на полувремето.
Слично се одвиваа настаните на теренот во салата „Боро Чурлевски“ и во продолжението од играта. По три одиграни четвртини, Пелистер се одвои на недостижни (74:56), а последниот квартал беше само формалност.
Дури шестмина кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, Американското трио, Вилсон (26.поени), Џенкинс (18) и Дејвис (16), пред а Стојановски (12), а Митревски и Малешевиќ додадоа по десет.
Останатите натпревари, вкупно пет, сите ќе се одиграат денес.