Кошаркарите на Пелистер ги „одмаздија“ своите фудбалски колеги за денешниот пораз на фудбалското дерби во македонскиот шампионат.
Во 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига, во пресметката на „вечните“, пак, Пелистер кошаркарски брутално славеше против „вардарци“ со 98-57.
Најефикасни кај Пелистер беа Мишковиќ со 16 поени, Џереми Гамбрел со 20 постигнати поени и Галовеј со 14 поени, а кај гостите се издвоија само Бајрам со 19 и Наков со 11 постигнати поени.
Пелистер по оваа победа, со 13 досега победи се врати на делба на третата позиција на табелата заедно со Кожув и ТФТ Скопје, а Вардар е убедливо последен и натаму без пораз.