Кошаркарскиот клуб на Пелистер работи на формирање на ростерот за натпреварувачката 2024/2025, а нови имиња во истиот се двајца македонски кошаркари.
Клубот од Битола ги обезбеди потписите на Петар Бошалески и Дамјан Крстевски. Бошалески е младински репрезентативец на Македонија кој во новата средина доаѓа од редовите на Работнички.
Крстевски пак во минатата кампања беше дел од ТФТ каде на 29 средби во Првата лига имаше учинок од 5,3 поени, 4,6 скока и 1,2 асистенции, додека во АБА2 лигата на 13 средби реализираше 5,4 поени и 3,9 скокови.