МКК Кукамово следните два меча на домашен терен, против Работнички и Вардар, ќе ги игра пред празни трибини и тоа поради фрлање тврди предмети, палење факели и фрлање топовски удари и пластични столици.
Згора на тоа, новиот прволигаш ќе треба да плати и парична казна во вкупен износ од 67.000 денари, меѓу другото и за навредување на национална основа. Салата против Феникс беше испразнета по пиротехничкото шоу на „Кумани“, на натпреварот доигран без присуство на публика.
Чадни бомби имало и на средбата помеѓу Гостивар и Кожув, поради што гостиварци се казнети парично во износ од 10.000 денари.