Кошарка

Кевин Дурент влезе во клубот „31.000“!

Кевин Дурент влезе во клубот „31.000“!

Кевин Дурент уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката.

Во победата на неговиот Хјустон Рокетс над Феникс Санс (117-98), 37-годишниот ветеран ја надмина границата од 31.000 поени во кариерата, придружувајќи се на ексклузивен клуб на легенди.

На Дурент му беа потребни само четири поени пред мечот за да стигне до јубилејот.

Тоа го стори уште во првата четвртина со својот препознатлив скок-шут од полудистанца.

Со ова, тој стана само осмиот играч во историјата на НБА кој ја надминал оваа магична бројка.

 

To top