Како што пренесува секогаш добро упатениот НБА новинар Андријан Војнаровски, во најсилната кошаркарска лига претстои сериозна детонација, бидејќи 35-годишниот крилен кошаркар би потпишал за Хјустон.
„Ракетите“ имаат мошне млад тим, а со доаѓањето на искусен шампион како Дурант ќе придонесат во издигнувањето на франшизата на едно повисоко ниво.
Феникс сака да го задржи американскиот репрезентативец, но на крајот одлуката е на самиот Дурант.