Многу проблеми на американскиот кошаркарски тим му создадоа селекциите со кои играа во рамките на подготовките, па селекторот Стив Кер испрати порака до играчите во пресрет на првиот настап на Олимписките Игри.
– Потсетување дека дојде времето, дека сме тука и треба да се разбудиме.Мора да одиграме 40 интензивни минути во кои ќе бидеме максимално фокусирани и не смееме да дозволиме другите да бидат поенергични и попожртвувани како што беше на дуелите со Германија и Јужен Судан. Можеме да играме две нивоа подобро, но за тоа е потребна соработка меѓу сите во тимот. Ќе одиграме буквално шест натпревари, а не смееме да дозволиме само да трчаме без план во нападите како на досегашните средби, – изјави Кер.