Кошарка

Кендрик Нан казнет од страна на Евролигата

Кендрик Нан казнет од страна на Евролигата

Евролигата повторно предизвика контроверзии со своите одлуки, особено во однос на казните изречени за Панатинаикос.

Челниците на лигата оценија дека Кендрик Нан го нападнал судијата Перес на натпреварот против Партизан, па Евролигата според дисциплинскиот правилник 27.2.б го казни американскиот играч со суспензија од еден натпревар и парична казна од 5.000 евра.

Сличен случај се случи во 1. коло со Факундо Кампацо, кој по обидот да добие три слободни фрлања на крајот од мечот меѓу Баерн и Реал, целосно ја загуби контролата.

Кампацо исто така беше казнет според истиот дисциплински правилник (27.2.б), но Реал Мадрид потоа ја обжали првостепената одлука, исто како Панатинаикос во случајот со Нан.

To top