Американскиот ко Кемба Вокер на 35 години реши да стави крај на својата играчка кариера, за што ја извести јавноста на Твитер. По една сезона во Монако и Евролигата, искусниот кошаркар реши да се повлече од кошарката
“Сакам да му се заблагодарам на Бога за се што ми даде. Кошарката направи за мене повеќе отколку што можев да замислам и многу сум благодарен за возбудливото патување. Решив да се повлечам. Кога ќе погледнам наназад сето тоа е како сон. Никогаш не замислував дека мојата кариера ќе биде ваква и дека ќе постигнам. Се што сум постигнал не би можел да го сторам тоа без поддршката од мајка ми, татко ми, моите соиграчи кои станаа мое семејство, тренерите кои секогаш го вадеа најдоброто од мене. Кошарката секогаш ќе биде дел од мојот живот, па затоа не е збогум, со нетрпение го очекувам следното поглавје“, напиша Вокер.
Во текот на неговата НБА кариера на вкупно 750 натпревари од регуларната сезона, тој имаше просек од 19,3 поени со 5,3 асистенции и 3,8 скока.