НБА ѕвездата одлучи да го отстапи своето место во националниот тим и да им се посвети на подготовките за новата сезона на Л.А Клиперс, па Американците веќе донесоа и одлука кој ќе го замени на три недели пред почетокот на кошаркарскиот турнир во француската престолнина.
Во дел од американската репрезентација наместо овој кошаркар ќе биде Дерик Вајт од редовите на шампионот Бостон Селтикс.
Новиот „Дрим тим“ ќе го отвори настапот во Париз со атрактивна пресметка со Србија на 28. јули.