Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард ќе го пропушти почетокот на сезоната во НБА поради повреда на десното колено, објавија американските медиуми.
-Ленард ќе продолжи да се рехабилитира после повредата, објасни главниот тренер Тајрон Лу.
Ленард ги одигра само вториот и третиот натпревар во првото коло од плејофот минатата пролет, а Клиперси загубија со 2-4 од Далас.
Во лигашкиот дел од минатата сезона, 33-годишникот стартуваше на 68 натпревари. Тој оваа година по шести пат беше повикан на Ол-стар натпреварот. Клубот од Лос Анџелес првиот натпревар сезонава ќе го одигра на 23 октомври против Санс во Феникс