Дури 11 мечеви се одиграа во НБА лигата, а највозбудливо беше во Сан Франциско каде Голден Стејт славеше над Феникс и тоа минимално со 113:112.
Голден Стејт водеше со 110:109, кога гостите постигнаа тројка и делуваше дека ќе се радуваат на крајот. Но се појави Стеф Кари.
Најдобриот шутер на тројки во историјата на НБА имаше време од само 2,7 секунди за да смисли нешто и успеа. Само што ја доби топката, Кари шутираше од далечина и погоди на 0,7 десетинки до крајот, време во кое гостите немаа шанса да реализираат, па Воините на крајот се радуваа.
STEPH CURRY.
BANG 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/Nj3Li4l12R
— ESPN (@espn) February 11, 2024
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: Далас – Оклахома 146:111, ЛА Клиперс – Детроит 112:106, Бруклин – Сан Антонио 123:103, Шарлот – Мемфис 115:106, Орландо – Чикаго 114:108, Вашингтон – Филаделфија 113:119, Атланта – Хјустон 122:113, Њујорк – Индијана 111:125, Торонто – Кливленд 95:119, Портланд – Њу Орлеанс 84:93.