Кошарка

Кари: Сакам да бидам сопственик на НБА клуб

Кари: Сакам да бидам сопственик на НБА клуб

Стеф Кари има 36 години, но и понатаму е еден од најдобрите играчи во НБА лигата и светот.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека полека влегува во една друга фаза, односно е на залезот на кариерата со тоа што останува да се види уште колку време ќе сака, продолжи да биде активен.

Плејмејкерот веќе размислува и за иднината, па сака еден ден да биде сопственик на клуб во НБА.

-Заинтересиран сум да бидам сопственик на клуб од НБА лигата. Видов како Џордан тоа го прави, а знам дека има играчи во НБА кои веќе имаат преземено чекори еден ден да станат сериозни кандидати  како косопственици да учествуваат во можното проширување на лигата (НБА многу размислува за ова идеја). Дефинитивно размислувам за тоа (да бидам сопственик). Секако, има уште многу што сакам да постигнам како играч пред да бидам во друга улога во НБА, –порача Стеф кој важи за најдобриот шутер во историјата на кошарката.

To top