Кошарка Критиките кон Ердоган скапо го чинат

Кантер е на листата на Интерпол, а неговата глава е уценета на 500.000 долари

Кантер е на листата на Интерпол, а неговата глава е уценета на 500.000 долари

Турскиот кошаркар Енес Кантер Фридом (слобода) тврди дека неговата глава е уценета и дека се наоѓа на листата на Интерпол поради критиките кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој во интервју за „Баскењуз“ изјави дека поради тоа не може да игра кошарка, како и дека мора да го извести американското федерално истражно биро (ФБИ) секогаш пред да ги напушти САД.

Турските власти го сметаат Кантер за терорист поради поддршката на Фетулах Ѓулен и поради критиките на сметка на претседателот Ердоган.

„Точно е дека мојата глава е уценета на 500.000 долари. Кога се борите против диктатор, ќе направат сè за да ве замолкнат. Да се уцени на државјанин на САД е неверојатно и тоа покажува каков карактер има турскиот претседател Ердоган. Моменто смеам да патувам само во 29 земји во светот бидејќи моето име е на листата на Интерпол. Каде и да одам, морам да го известам ФБИ, но свесен сум дека слободата доаѓа со последици и не жалам поради тоа“, изјави Кантер.

To top