Грчките медиуми во последните денови повторно пишуваат за можноста легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ да се врати во редовите на кошаркарскиот клуб Панатинаикос.
Панатинаикос моментално се наоѓа во резултатска криза во Евролигата, а некои грчки портали тврдат дека раководството размислува да го донесе Обрадовиќ, кој би можел да им донесе нов импулс и искуство на клупата.
Обрадовиќ, кој важи за еден од најуспешните европски тренери со пет титули во Евролигата освоени токму со Панатинаикос во периодот од 1999 до 2012 година, по напуштањето на тренерската позиција во Партизан, истакнал дека нема да преземе нов клуб до наредната сезона