Кошарка

Какруки: Треба да растеме и резултатите ќе дојдат!

Какруки: Треба да растеме и резултатите ќе дојдат!

Во пресрет на реваншот со Романците своите очекувања ги изнесе Валмир Какруки. Кошаркарот изјави дека ова е млад тим ќе расте и ќе се развива.

„Бевме мнпгу блиску до победата на отворањето на овие претквалификации. Игравме егал со романскиот тим, се до две-три минути пред крајот. Во тие моменти и беше решен победникот. Добро се сеќаваме на тој меч, но одиме понатаму, пред нас е уште еден, против ривал кој го знаеме доста подобро отколку на тој дуел во Куманово.

Неискуството си го прави своето. На нас е да „растеме“ од натпревар во натпревар. Да бидеме подобри и подобри, и не се сомневам дека резултатите ќе дојдат. Веројанто Македонија досега немала помлад ростер во сениорската селекција. И тоа мора да се земе в предвид кога се даваат некои оценки за квалитетите на репрезентацијата.

Нема предавање, тоа можам да го порачам. Сите кои сме тука, сме како еден. Можам да ветам борба, за секоја топка, за секој поен. Тоа е онаа основното, а што ќе биде на крајот, ќе видиме. Битно е ние да го дадеме својот максимум од можностите, а каков ќе биде резултатот, се надевам позитивен за нас“

Средбата меѓу Романија и Македонија во Орадеа се игра в среда во терминот од 18:00 часот.

To top