Кошарка

Кајри Ирвинг се поблиску до враќањето на кошаркарските терени

Кајри Ирвинг се поблиску до враќањето на кошаркарските терени

Кајри Ирвинг е сè поблиску до враќање на паркетот по тешката повреда на коленото, потврди тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид.

Американскиот плејмејкер се повреди во март, кога ги скина лигаментите, а по операцијата и долгиот процес на рехабилитација, неговото враќање се очекува пред крајот на годината.

Минатата сезона Ирвинг одигра само еден натпревар заедно со Ентони Дејвис, кој повторно е повреден и ќе пропушти уште најмалку два меча. Кид експериментираше со Купер Флег како плејмејкер, но призна дека комбинацијата не дала посакувани резултати.

To top