Кошарка

Кајл Хајнс објави крај на професионалната кариера

Кајл Хајнс објави крај на професионалната кариера

Американскиот кошаркар Кајл Хајнс одлучи да стави крај на својата играчка професионалната кариера.

Во својата богата евролигашка кариера, Хајнс успеа по двапати да се искачи на врвот на Европа со ЦСКА Москва и Олимпијакос.

Хајнс е еден од најнеобичните играчи во Европа со оглед на тоа што беше центар кој не е висок ни два метри. Хајнс ја дефинираше идејата за „андерсајз“ центар во кошарката, центар кој имаше совршено чувство за скок, градење простор и за дефанзива.

Последен клуб во кариерата од 2020 година му беше на Олимпија Милано.

To top