Македонската машката репрезентација за играчи do 16 години го освои второто место на турнирот „Боби Петковски“ кој викендов се одржуваше во Гевгелија.
По двете победи, прво над селекцијата на Романија, а потоа и против Швајцарија, македонските кадети го загубија финалниот натпревар на турнирот од селекцијата на Израел со 71-53.
Поените за нашата кадетска селекција на овој натпревар ги постигнаа: Цветковски 12, Ѓорѓевиќ 10, Нешовиќ 7, Терзиевски 7, Стојановски 6, Ефтимовски 5, Петковски 2, Богевски 2, Донев 2.