Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години забележа нова победа, ја совлада Португалија со 70-68 и така се пласира во мечот за деветтото место на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Скопје.
Нашиот национален тим доминираше цела средба и заслужено се радуваше на триумф над Португалците.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Григориј Ѓорѓевиќ со 22 поени, пред Алексеј Нешовиќ кој имаше 20 поени и 12 скока, додека кај Португалија, Ериксон Тешеира имаше 14 постигнати поени.