Кошарка

Јусуф Нуркиќ суспендиран и парично казнет (ВИДЕО)

Јусуф Нуркиќ суспендиран и парично казнет (ВИДЕО)

НБА лигата експресно реагираше и ги казни актерите на тепачката на натпреварот Далас-Феникс.

Кратка но жестока пресметка имаа Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал, по што и двајцата беа исклучени.

Исклучен беше и кошаркарот на Далас, Пи Џеј Вашингтон, бидејќи и тој учествуваше во тепачката.

Јусуф Нуркиќ е суспендиран на три натпревари и казнет со 125.000 долари по натпревар или 375.000 долари.

Наџи Маршал доби суспензија од четири натпревари и парична казна од 59.113 долари по натпревар, вкупно 232.456 долари, а Пи Џеј Вашингтон доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 89.080 долари.

To top