Македонската селекција до 16 години дојде до победа над Австрија, ама тоа на крајот сепак не се покажа како доволено да се пласира во наредната фаза на Европското првенство (Б шампионат) кој се одржува во Скопје.
-Едноставно кажано, спортот е суров. Неверојатен расплет на натпреварите нė стави во позиција да не одиме понатаму. Апсолутно заслуживме да бидеме во најдобрата ‘осумка’ и веројатно со големи шанси да бидеме во најдобрите четири, земајќи го предвид квалитетот на групата со која што требаше да ‘вкрстиме, – изјави селекторот Александар Јованчев.
-Планот за групната фаза беше исполнет со трите победи. Им честитам на играчите за она што го прикажаа до сега. Останува да ја одбраниме честа на националниот дрес и сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да го завршиме првенството без пораз, -додаде Јованчев. Нашата репрезентација сега ќе се бори за пласман од 9. до 16. место на турнирот.