Александар Јончевски си поднесе оставка на тренерската позиција во Кожув пo поразoт на тимот на гостувањето во Скопје против Академија ФМП.
Кожув има лош старт на сезоната со само две победи во осум меча, па селекторот на македонската репрезентација се одлучи да се раздели со клубот.
Согласно информациите од Гевгелија неговата оставка ќе биде прифатена од раководството на Кожув и во понеделник се очекува именување нов тренер на поранешниот македонски вицешампион.