Кошарка

Јончевски: Хап веројатно ќе игра против Естонија наместо Шортс

Јончевски: Хап веројатно ќе игра против Естонија наместо Шортс

На поширокиот список на македонската кошаркарска репрезентација за претстојните квалификации за ЕП 2025 селекторот Александар Јончевски реши да стави нов Американец, центарот Итан Хап, играч на шпанска Гран Канарија.

На списокот се и најдобриот македонски играч во моментов, плејмејкерот Ненад Димитријевиќ (УНИКС Казан) како и одличниот плејмејкер на Париз, Американецот Ти Џеј Шортс.

Според тоа што ни кажа селекторот изгледа дека ќе се одлучи во тимот на Македонија за февруарскиот циклус да го стави Хап на местото на Шортс, кој имаше клучна улога успешно да ги минеме претквалификациите за ЕП 2025. Двајцата не можат да бидат во тимот.

– Се уште не сум донел конечна одлука, но веројатно дека во тимот ќе биде Итан Хап на местото на Шортс. Оценувам дека моментно сме подефицитарни со високи играчи, па Хап би ни бил попотребен. Очекувам во тимот да го имаме и Димитријевиќ, со кого лично разговарав и од него добив позитивен сигнал што се однесува до учеството во тимот за февруарскиот циклус – вели Јончевски.

Македонија ги почнува квалификациите на 23 февруари со мечот против Естонија во Скопје, а три дена подоцна гостува кај Полска.

To top