Итриот Никола Јокиќ повторно ги надмудри противниците.
Српскиот центар ноќеска одигра фантастичен натпревар за Денвер Нагетс предводејќи го својот тим до победа против Портланд Треил Блејзерс од 112:103, покажувајќи ја уште еднаш својата генијалност. Колку Јокиќ е целосно сконцентриран и фокусиран на играта, видовме неодамна на мечот против Милвоки, кога го пријави Јанис Адетокунбо кај судиите, а уште една потврда за тоа имавме на средбата со Трејл Блејзерс.
За што се работи? Денвер не сакаше да троши премногу енергија во дуелот со една од најслабите тимови на Западот, Јокиќ виде дека енергијата на неговиот тим не е на соодветно ниво, па сакаше да забави и да ја украде секоја секунда од играта во последните пет минути. И тоа буквално секоја секунда…
Така, на уфрлувањето на топката во игра по поенот за Портланд чекаше точно 5 секунди за да изведе, додека гледаше во судијката која одбројуваше. Јокиќ го дочека последниот момент и му ја додаде топката на својот соиграч, а со тоа истепа време. Секунда по секунда, знае да биде повеќе од важно на самиот крај од натпреварот, што е само уште еден доказ колку на Јокиќ најважна му е победата во кошарката, а не личната статистика.
Nikola Jokic burning clock: He watches the official count to four, then inbounds the ball. He wasted close to 10 seconds total on this play. pic.twitter.com/2iUqf2CpMi
— Harrison Wind (@HarrisonWind) February 5, 2024
Да потсетиме, Јокиќ натпреварот го заврши со 29 поени (шут од поле 12/20), а имаше и 8 скока, 7 асистенции и 2 украдени топки. Но, ваквите генијални потези, кои на крајот можат да бидат одлучувачки, не влегуваат во статистиката…
Тимот со најдобар скор сезонава, Бостон Селтикс, го торпедираше Мемфис Гризлис со дури 40 поени разлика, победувајќи со 131:91. Џејсон Тејтум уфрли 34 поени, Кристапс Порзињѓис додаде 26, а двоцифрени беа и Дерик Вајт со 15 и Ал Хорфорд со 11, но вкупно 13 кошаркари влегоа во поен статистиката со тоа што само Канаѓанецот Далано Бентон не постигна поен, а тој мина и најмалку времне на паркетот – речиси 7 минути.
Резултати:
Детроит Пистонс – Орландо Меџик 99:111
Бостон Селтикс – Мемфис Гризлис 131:91
Шарлот Хорнетс – Индијана Пејсерс 99:115
Мајами Хит – Лос Анџелес Клиперс 95:103
Оклахома Сити Тандер – Торонто Репторс 135:127
Јута Џез – Милвоки Бакс 123:108
Денвер Нагетс – Портланд Треил Блејзерс 112:103