Најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ, се појави на конференцијата во Денвер и проговори за амбициите на тимот во новата сезона, но најголемо внимание привлече неговиот нов имиџ.
Имено, актуелниот МВП на НБА на прес-конференцијата се појави со брада која обично не ја носи.
Еден од новинарите го праша Јокиќ дали брадата е показател за поголема сериозност во новата сезона и дали Јокиќ тоа го направил за да ги исплаши противниците.
Српскиот центар со широка насмевка се согласи со неговата изјава, но додаде дека најверојатно наскоро ќе се избричи и дека ќе го видиме во верзијата на која сме навикнати до сега.
“I need more compliments.”
Nikola Jokic wants more love on his newly grown goatee 🤣#NBAMediaDay pic.twitter.com/jAN3zdVw8K
— NBA (@NBA) September 26, 2024