Еден од најдобрите светски кошаркари, Никола Јокиќ, оствари нов трипл-дабл во НБА сезоната, во убедливата победа на Денвер против Феникс со 133:111. Јокиќ натпреварот го заврши со 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции, со што го повтори трипл-дабл скорот како и на претходниот натпревар против Голден Стејт.
Одличен настап за победничкиот тим имаа и Џамал Мареј со 23 поени, 6 скокови и 5 асистенции, како и Кристијан Браун, кој постигна 20 поени и додаде по три скока и три асистенции. Кај Феникс се истакна Девин Букер со 31 поен и 7 асистенции.
Јокиќ можеше да биде и поефикасен, но не сакаше да „троши“ премногу топки. Од игра шутираше 5 од 8, а сите промашувања беа од линијата за три поени, додека за два поени и од линијата за слободни погодуваше беше без грешка.