Тимот на Денвер Нагетсславеше над МилвокИ Бакс (127-117) во рамките на новите натпревари во НБА лигата,
Човек на натпреварот беше Никола Јокиќ кој се врати од повреда и блескаше. Србинот покажа колку важен играч е за тимот, со нов „трипл-дабл“ во кариерата, кој е триесетти оваа сезона во НБА-лигата.
Јокиќ заврши со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции и беше прво име на мечот, пред Портер кој имаше дабл-дабл од 23 поени и десет скока.
На Милвоки, кој беше без најголемите ѕвезди Антетокумпо и Лилард, ноо не помогна извонредната партија на Брук Лопез со 27 поени и седум скока.