Кошарка Според анкетата на ЕСПН

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА

Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи првите тројца.

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти.

„ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната.

Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи првите тројца.

Во сезоната 2024-25, Јокиќ одигра 70 натпревари и имаше просек од 29,6 поени, 12,8 скока и 10,2 асистенции по натпревар. (МИА)

To top