Кошарка

Јокиќ: Престанете со драмата, јас и Ембид сме добри пријатели

Јокиќ: Престанете со драмата, јас и Ембид сме добри пријатели

Српската супер-ѕвезда, Никола Јокиќ, разговараше со медиумите и даде неколку интересни изјави, а особено внимание привлече коментарот за неговото ривалство со Џоел Ембид.

Двајцата центри постојано се основ за разни споредби и поделби во медиумите, но Јокиќ смета дека сето тоа е „непотребна драма која само носи штета за кошарката и НБА лигата“.

„Сите најубави работи во животот доаѓаат скоро неочекувано. Јас во период од неколку години успеав од Србија да стигнам во Денвер и да станам двократен МВП на НБА лигата. Тука има многу поединци што го изоделе истиот тежок пат кон успехот, а меѓу нив е и Џоел. 

Медиумите создаваат непотребна драма која нема допирна точка со реалноста. Ние сме ривали само на паркетот. Го сметам за добар пријател и мислам дека тој го дели моето мислење. Мене овие драми не ми се важни, во моментов важен ми е само следниот натпревар“, изјави Јокиќ.

To top