Никола Јокиќ испиша нова историја во НБА лигата откако стигна до магичната бројка од 15.000 постигнати поени на натпреварот против Јута Џез, но потоа даде интересна изјава во свој стил и повторно ги насмеа американските новинари.
„Драго ми е што влегов во друштвото на славниот Шекил О’Нил, но овој момент не го доживувам како нешто спектакуларно. Тоа се само поени, во иднина ќе ги има уште повеќе.
Сум кажал многу пати дека најважен ми е тимот, а не мојот личен учинок. Статистиката секогаш ќе нуди бројки и рекорди, но нашата цел е да играме во плеј-офот и да се бориме за титулата“, изјави Јокиќ.