Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никол Јокиќ, ја посочи Минесота како еден од најнезгодните противници за нив во тековната сезона.
-Не ни дозволуваат да играме добро. Тие точно знаат што прават, рече Јокиќ по поразот ноќеска од Тимбервулфс со 115:95.
Јокиќ постигна 34 поени, осум скока и четири асистенции при што шутираше 13 на 23 од поле.
-Треба подобро да ја завршиме нашата работа. Не знам зошто, но ние играме многу лошо против нив. Сакам да победувам на секој натпревар, тешко ми е да прифатам каков било пораз. Кога некој постојано ве победува, дефинитивно треба да разберете што е работата и внимателно да размислите за тоа, додаде српскиот центар.
Минесота сезонава во НБА-лигата има 3:0 во дуелите со Денвер. (МИА)