Кошарка

Јокиќ: Ако Денвер не победува, тогаш сè што правам е залудно

Јокиќ: Ако Денвер не победува, тогаш сè што правам е залудно

Лошо започна сезоната во НБА лигата за Деневер Нагетс. Никола Јокиќ постигна дури 41 поен против Лос Анџелес клиперс, но ниту тоа не беше доволно за триумф на Денвер.

„Не можам да бидам среќен кога тимот не победува. Можам да постигнам над 40 поени, но тоа не ме радува ако на крајот губиме. Мора да бидеме подобри во многу делови од играта и да се вратиме на победнички патеки“, кажа Јокиќ.

Србинот по првите два меча има просек од 28,5 поени по натпревар.

To top