Европскиот кошаркарски шампион Панатинаикос кој лани блескаше а годинава игра топло-ладно под водство на Ергин Атаман се наоѓа во голем потрес.
Наводно Јоанис Папапетру, грчкиот репрезентативец и поранешен играч на Партизан, пред дуелот со Маруси физички го нападнал лидерот на екипата и најзаслужен за европската титула Американецот Кендрик Нан кој подоцна завршил во болница.
Папапетру е веднаш исфрлен од екипата, суспендиран на неопределно време. Тренерот Ергин Атаман само кратко изјавил дека Папапетру е отстранет од тимот по колективна одлука заснована на внатрешни правила не по директива од стручниот штаб.