Кошарка

Кошаркарските јуниори славеа над Швајцарија во тест натпревар

Кошаркарските јуниори славеа над Швајцарија во тест натпревар

Машката јуниорска репрезентација на Македонија славеше над Швајцарија со 67:62 на пријателската средба која се одигра во Гевгелија.

Избраниците на селекторот Горан Андреевски се прикажаа во подобро изданија и успеаа да дојдат до прво славје во овој подготвителен период пред настапот на ЕП-Дивизијата „Б“ кое од 26. јули до 4.август ќе се одржи во Скопје.

По првиот дел водевме со 38:22, а предност имавме и по 30 минути игра со 56:43. Противникот се обидуваше, притискаше во завршниот период, но нашите надежи го имаа последниот збор и го потврдија триумфот, прв во овој тест период во која загубивме од Романија и Црна Гора,

To top