Грчкиот тренер Јанис Сферопулос потпиша нов договор со Црвена звезда, договор со кој се обврза на верност кон црвено-белите до 2027 година.
Сферопулос оваа сезона одлично си ја врши работата со црвено-белите, особено во Евролигата, каде по 19. коло Звезда има учинок од 11 победи и осум порази и моментално е на шестото место кое води директно во плеј-офот.
Кога станува збор за АБА-лигата, Гркот по нешто полошиот старт успеа да го стабилизира тимот и да влезе во серија на победи која се уште трае. Црвена звезда минатата сезона со Сферопулос на клупата успеа да освои три трофеи во АБА-лигата, Купот Радивој Корач и Суперкупот на КЛС.